hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија пресилна за младата Македонија, прв пораз на МИ во Оран

mkd esp

Македонија - Шпанија 22-31 (8:14)

Во третиот натпревар на Медитеранските игри во Оран, македонската машка ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз во дуелот против селекцијата на Шпанија.

Нашите ракометари добро го отворија мечот, но беа рамноправни само во првите десетина минути од првиот дел кога на момент на два пати имаа предност од 3:2 и 4:3. Потоа Шпанците успеаа целосно да ја преземат контролата и беа во постојано водство и од минута во минута ја зголемуваа предноста за на одмор да заминат со резултат 14:8.

Во почетната фаза од второто полувреме Шпанија ја одржуваше разликата од седум до осум гола, а на половина од продолжението стигнаа и до двоцифрена предност која во еден момент стигна и до единаесет гола. На крајот Шпанците до вториот триумф во групата стигнаа со конечни 31:22.

Најефикасен во македонскиот тим со осум гола беше Мартин Серафимов, а по два пати прецизни беа Иван Џонов, Марко Митев и Костадин Петров.

Утре од 20:00 часот репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Турција.

Share