hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Абало: „Обожавам големи натпревари„

luc abalo

Еден од најценетите ракометари во модерното време, звездата на ПСЖ Лук Абало не ја прославуваше многу вчерашната победа над Исланд заради тоа што за него и за Франција тоа е само една нормална победа. И кога играат на мали бројки, па и кога примаат 28 гола како против Исланд, триколорите победуваат.

Повеќе...

ВИДЕО: Константини: „Ја сакам вашата пасија кон овој спорт„

konstantini

Еден од највлијателните луѓе во светот на модерниот ракомет сигурно е Даниел Константини. Со неговиот лош англиски, моравме на автентичен француски да ги дознаеме неговите ставови поврзани со Македонија и нашиот национален тим во ракомет.

Повеќе...

Данска, Русија и Франција им се приклучија на Германија

francija - island

На првиот ден од елиминационата програма немаше големи изненадувања за пласман во четвртфиналето. Иако селекции како Исланд и Бразил демонстрираа силен отпор, сепак меѓу осумте најдобри одат оние најсилните, фаворитите. Тунис многу лесно беше скршен од Данска, која потврди дека уморот и 10 часовниот пат ништо не му може.

Повеќе...

ВИДЕО: Кретчмар: „Ви недостига уште еден како Кирил Лазаров„

krecmar golema

Еден од најдобрите крилни играчи на сите времиња Стефан Кречмар, секогаш со многу симпатии говори за нашата репрезентација. Така и по натпреварот со неговата репрезентација беше уште поинтересно да се чуе неговата анализа.

Повеќе...

ВИДЕО: Македонските новинари го анализираат првенството

novinari

Веќе со години наназад новинарите Марјан Ников (ТВ Сител) и Ристе Ѓамовски (Македонски Спорт) детално ги следат ракометните збиднувања во нашата земја и пошироко. Така веднаш по нашата елиминација го чувме и нивниот став:

Повеќе...

ВИДЕО: Шундовски: „Само што започна нашиот процес на реновирање на репрезентацијата„

sundo za 21

Еден ден по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, селекторот Звонко Шундовски веќе се осврнува кон својот клуб Констанца, а на федерацијата е да ја анализира целата ситуација по овој голем турнир.

Повеќе...

ВИДЕО: Хајнер Бранд: „Ја спречивме играта на Македонија преку пивотмен„

heiner-brand-bleibt-514

Дека Германија ништо не препуштила на случајот покажува изјавата на нивниот директор Хајнер Бранд. Бившиот селектор ни открива што било клучот за победата.

Повеќе...

ВИДЕО: Анкетил: „Без одбрана и само со Лазаров, не се победува Германија„

Greg-Anquetil

Легендарниот француски ракометар од минатата деценија, а сега стручен коментатор за францускиот CANAL+ Грегори Анкетил за нас го анализираше вчерашниот натпревар со Германија.

Повеќе...

ВИДЕО: Германските ракометари едногласни: „Хајнветер е јунакот„

germanci 20

По натпреварот од осминафиналето разговаравме со Патрик Грецки и Доминик Клајн кои ни ги кажаа нивните опсервации за оваа средба.

Повеќе...

ВИДЕО: Миркуловски: „Не треба да тагуваме, имаме репрезентација за наредните натпреварувања„

mirkuloskiiiiiiiii

Филип Миркуловски го постигна првиот наш гол на овој натпревар, но одигра дискретен турнир, во кој не беше овој Миркуловски од претходното европско првенство во Србија. По натпреварот со Германија и елиминацијата, нашиот плејмејкер ни изјави:

Повеќе...