hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Проектот „Мундијалот на дланка со Пелистерка„ повеќе од успешен

kiril-lazarov.jpg web

Иако ретко претходно некој медиум од овој тип реализирал ваков проект, сепак близу 20 мундијалски дена со целосен сервис од местото на настанот брзо поминаа за официјалната веб страна на Кирил Лазаров. Преку 160 текстови, поголемиот дел од нив надополнети со видео и фото материјали од настапите на Македонската репрезентација и останатите селекции од мундијалот, ви го доближија овој голем настан. Според испитувањето на јавното мислење,оддекот на останатите медиуми, стручната и помалку стручната критика, читателите и гледачите позитивно одговорија на овој начин на информација и комуникација со ракометната публика. Голема благодарност за тимот кој го реализираше овој проект, за капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и „Пелистерка„ која го препозна овој проект како оној вистинскиот. Овој медиумски простор без разлика што претставува официјална веб страна на еден врвен спортист и во иднина ќе го репрезентира и афирмира квалитетниот македонски ракомет, се со цел сите заедно да бидеме подобри, поорганизирани , поквалитетни. До некоја наредна прилика - ЗА КОГО? = ЗА МАКЕДОНИЈА!

Тимот на администратори на официјалната страна на Кирил Лазаров
www.lazarovkiril7.com

Share