hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Господ ќе нè награди затоа што не калкулиравме!

кире и виран

Македонија и на петтиот меѓусебен натпревар загуби од Шпанија, но одигра и повеќе од рамноправен дуел, а во првиот дел целосно ја надигра големата сила.

„Заслуживме повеќе, но што е тука е. Немаме време за плачење. Ќе бидам краток, она што најмногу ме иритира за време на целото СП. Ние како мала земја и репрезентација од втор ред, втор ешалон, рамноправно се носи со големите селекции. Се надевам дека Господ ќе не награди затоа што не калкулиравме. Имаше многу шпекулации, но нема чување. Да се бориш против големите, а утре да имаш важен натпревар, тоа е големо. Еве веќе четврт натпревар, што ме иритира. Но, што е, тука е. Македонија значи многу во ЕХФ и ИХФ, но го немаме тој третман на СП. Сакам да им честитам на моите колеги, стручен штаб и целата „Фаланга" што беше со нас. Се боревме храбро со селекција која е една на врвот. Се надевам дека против Исланд ќе славиме и ќе дојдеме до третото место", изјави Лазаров.

Лазаров останува прв стрелец на шампионатот и по четири одиграни кола со 37 постигнати гола.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share