Младите судии Ли Сеок и Ко Бонок од Јужна Кореја се делегирани да ја делат правдата на натпреварот помеѓу Македонија и Тунис во Мец, во првото коло од групата Б на Светското првенство во Франција.
Се работи за млад судиски пар, кој вторпат ќе водат натпревар од еден Мундијал и које релативно непознат за нашата јавност. Натпреварот треба да мине во атмосфера на многу туниски навивачи во градот, а попладнево и во арената.
Мечот Македонија - Тунис е втор во денешната програма во Мец и започнува во 17:45 часот. Претходно играатт Словенија - Ангола, а подоцна Шпанија - Исланд.