hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија поразена и од Холандија, клучен е дуелот против Аргентинците

mkd holand

Македонија - Холандија 24:34 (11:18)

Македонија претрпе втор убедлив пораз на Светското првенство во Полска, откако загуби од Холандија со 24:34 (11:18). По овој пораз, Македонија останува без бодови, со негативна гол разлика од дури 22 погодоци. Шансата за пласман во втората фаза останува, треба да се победи Аргентина во последното коло, селекција која реално не е со ист квалитет како што се Норвешка и Холандија.

Македонија добро го отвори дуелот и прва даде гол. Потоа водевме и со 2:1 и 3:2 кога Манасков даде гол, а Холандија доби исклучување од две минути. И тогаш, наместо да продолжиме со добра игра, плус со играч повеќе на теренот, се случи спротивното. Холандија ја заврша предноста од четири гола најмногу благодарение на Каи Смитс кој даде пет гола во првите 15 минути кога „лалињата" водеа со 9:5. По тајм-аутот на Холандија, ривалот повторно влезе во добра серија и со серија од 4:0 прв пат стигна и до шест гола предност 15:9 во 25 минута, а на полувреме заминаа до предност од седум разлика.

Во првите 10 минути од вториот дел дадовме шест, а примивме само три гола и резултатот беше 17:21, па и 18:22. Потоа исклучен беше Талески, Македонија се обиде во нападот да игра со играч плус и да остави „празна мрежа", што брзите Холанѓани максимално го искористија и постигнаа три погодоци на наша „празна мрежа", па во 45 минута резултатот беше 26:18, а на пет минути пред крајот, ривалот водеше со 31:22, а на крајот резултатот беше победа со двоцифрена разлика за Холандија.

Кај Македонија најпрецизни беа Кузмановски и Пешевски со по четири гола , Костески и Манасков погодија по три пати, а потоа следуваа Талески со два гола, Атанасијевиќ 2, Серафимов 2 и по еден гол на Ѓорѓиев, Стојковиќ, Марковски и Гоеоргиевски. Кај Холандија, најпрецизен беше Смитс со 10 гола, а Бијенс даде 7.погодоци.

Share