13.10.2008 – Balkan-handball
Сите заедно го сменавме менталитетот
Конечно седнавме на маса, сите заедно, рековме она што ни пречи и она што треба да го направиме за да биде подобро.Денес си еден од најдобрите десни бекови во светот и веројатно најдобар напаѓач во таа позиција. Кој цените најмногу од колегите на таа позиција?
- Без размислување, Stefanson! Па затоа ми е особено драго што го елиминиравме Исланд во баражот.
Вие двајца имавте извонредни дуели во Лигата на Шампионите. Минатата година вие бевте најдобар стрелец. Како се чувствувате како европски крал на стрелците?
-Ова е врвот. Јас сум особено задоволен, бидејќи ова ми е втор пат во три години да бидам најдобар стрелец. Тоа не паѓа само така, од небото. Минатата година тренирав најмногу во последните десет години и на некој начин тоа ми се врати. Тоа е, Бог ме награди за сите мои напори. Иако, јас би ја сменил титулата најдобар стрелец за трофејот во Лигата на шампионите, без размислување.
И работно и приватно, секогаш ќе го истакнам вашиот пример. Топ играчи во земјата која за период од десет години не учествувала на големите натпреварувања, со понуди да игра за друг национален тим, сепак ти остана лојален на својата земја, и на крајот, тоа се исплатеше. Го победивте Исланд и сега сте на Светското првенство?
- Немавме инвидуален квалитет во тимот и тоа е причината зошто не бевме толку долго на големата сцена. Ние сме иста генерација и играме заедно многу години, во кои никогаш не успеавме да направиме еден чекор понатаму. Дали е заради квалитетот или заради главата или пријателство, тоа е прашањето. Конечно седнавме на маса, сите заедно, рековме она што ни пречи и она што треба да го направиме за да биде подобро. На крајот тие искрени разговори ни се исплатија и од нив profitiraвме. Морам да се споменам дека и раководството ни даде голема поддршка во сето тоа.
Kомплетното интервју погледнете го на:http://www.balkan-handball.com/intervju-nedelje/intervju-nedelje-kiril-lazarov