Велко Маркоски на местото на Филип Лазаров за дуелот со Германија
На местото на Филип Лазаров на натпреварот со Германија попладнево на теренот ќе истрча Велко Маркоски. Филип Лазаров ќе остане во комбинација за настап на некој од следните натпревари.
Митревски: За она што се подготвувавме пред почетокот на ЕП за овие два натпревари го исполнивме (ВИДЕО)
„За она што се подготвувавме пред почетокот на ЕП за овие два натпревари го исполнивме. И на двата меча беше неизвено до крај, но кога ќе се добијат два натпревари, расте нивото на самодоверба што е многу значајно за понатамошниот тек на првенството" – изјави денес на прес конференција голманот на македонската репрезентација.
Георгиевски: Германија е велесила, не е трагедија дури и да загубиме (ВИДЕО)
Гоце Георгиевски, крилото на Македонија, е еден од ракометарите со најголема минутажа во нашиот ростер. Пред дуелот со Германија, вели дека „црвено-жолтите" имаат одличен старт каков што немале никогаш, а потенцира дека нема да е трагедија ни да се загуби на мечот со европскиот првак.
Раул: Мислиме само на Германија, не на следната фаза (ВИДЕО)
Македонија продолжи да реди успеси на Европското пренство (ЕП) кое оваа година се одржува во Хрватска. Раул Гонзалез ја предводеше нашата репрезентација кон втора победа во групата Ц, овојпат против Црна Гора.
Лазаров: Германија има најдобар ростер, но влева надеж како играше Словенија со нив (ВИДЕО)
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е презадоволен од стартот на Европското првенство (ЕП) во Загреб и двете победи на двата меча во првата фаза.
ВИДЕО: „Фалангата“ до доцна во ноќта ја славеше победата над Црна Гора
Македонските ракометари редат победи, а фановите е знаат како да ги прослават. Загреб синоќа пулсираше на македонски, а во клубот „Роко" се славеше со македонски песни до доцна во ноќта.
Кузмановски е МВП во победата над Црна Гора
Младиот ракометар на Металург, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч на натпреварот против селекцијата на Црна Гора, кој „црвено-жолтите" го добија со 28-29.
ПОТВРДЕНО: Македонија ќе игра втора фаза, од петок се сели во Вараждин
По првите два победи Македонија обезбеди пласман во четвртфиналната група на Европското првенство. За два дена ќе знаеме од која позиција ќе се квалификуваме, но „Фалангата" ќе остане и ќе се зголеми најмалку уште една недела во Хрватска.
Македонија ја урна Црна Гора и визира пат за Вараждин
Црна Гора – Македонија 28:29 (16:15)
Македонија ја забележа и втората победа на Европското првенство во Хрватска и првпат едно големо натпреварување почна со две победи. Вечерва во „Арена" падна Црна Гора со 28:29 (16:15).
Македонија не го менува тимот, Симиќ место Мијушковиќ кај Црна Гора
Македонскиот селектор Раул Гонзалез нема да го менува тимот кој донесе победа во првото коло против Словенија. Истите 16 ракометари кои ја совладаа Словенија ќе се најдат во стројот вечерва против Црна Гора на уште еден поранешен македонски селектор, Драган Ѓукиќ.