hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ИСТОРИЈА: Лазаров прв мундијалски стрелец во четири различни децении!

kire egipet svedska 2

Кирил Лазаров уште еднаш покажа дека е безвремнски спортист. Тој на денешниот натпревар против Шведска се запиша во листата на стрелци со што успеа да стигне до гол на големите смотри во четири различни децении.

На дебито пред 22 години, исто така на египетско тло, Лазаров постигна погодок и ја започна серијата која трае цела вечност. Легендата на македонскиот спорт успеа да запише гол во четири различни декади на Мундијалите, што е подвиг со кој ретко кој би можел да се пофали.

Капитенот постигна пет гола во вечерашниот пораз од Шведска со 20:32. Македонија по вторпат во својата историја на Светските првенства дебитира со пораз. Претходно, на стартот загубивме само од Тунис пред 12 години во Вараждин.

Share