Убедлива победа на последниот натпревар во оваа календарска година

//Убедлива победа на последниот натпревар во оваа календарска година

Убедлива победа на последниот натпревар во оваа календарска година

Младите момци на Голден Арт КЛ7 забележаа убедлива победа во претпоследното коло од ракометната  Суперлига против екипата на РК Астраион Хендбол со резултат 38:22.

Одлично стартувавме, прво со водство од 4:0, а после 10 минути имавме и предност од 9:1. Предноста продолжуваше да расте до крајот на првиот дел до максимални 12 разлика односно 21:9.

Вториот дел го започнавме со комотна предност, па Бошковски им даде шанса и на најмладите, кои одлично ја искористија и успеаа да  дојдат до максимални 16 погодоци предност или за конечни 38:22.

Во првиот дел од нашата премиерна сезона во најквалитетното ракометно натпреварување, нашата екипа забележа пет победи, шест порази и еден дуел заврши нерешено.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

До крајот на оваа календарска година во групата А треба да се одигра уште едно коло, во кое ние сме слободни. Во вториот дел од сезоната нашите млади момци ќе играат во плеј аут фазата каде што ќе се борат да изборат опстанок.

Голден Арт КЛ7 – Астраион Хендбол 38:22 (21:9)

Голден Арт КЛ7: Џигероски, Стојков 5, Крстески 1, Цветаноски, Буторац 2, Гучески, Петрески, Симоноски 1, Илиески 6, Димовски 4, Василевски, Темелкоски 1, Ѓорговски 8, Јорданов 2, Стојковиќ 3, Гајиќ 5

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин

 

2020-12-07T21:48:53+00:00 December 7th, 2020|КЛ7|0 Comments