Искусните стружани забележаа победа над Голден Арт КЛ7

//Искусните стружани забележаа победа над Голден Арт КЛ7

Искусните стружани забележаа победа над Голден Арт КЛ7

По серијата одлични натпревари на нашите момци во својата дебитанска сезона во Суперлигата, денес забележаа пораз од поискусниот противник, екипата на РК Струга. Натпревар во кој победникот ќе беше многу поблиску до пласман до плеј оф завршницата

Натпреварот започна израмнето, први до водство дојдоа гостите, брзо дојдовме до израмнување а и до шанса преку контра да поведеме, но не ја искористивме. Потоа следеше серија на противникот 1:3 за водство од 2:4 Успеавме да намалиме на 4:5, но по неколку промаше напади за израмнување, противникот дојде до нова серија, овој пат од 2:6 која се покажа недостижна до крајот на натпреварот за нашите млади момци. Гостинот од Струга знаеше како да ги искористи сите наши грешки па на крајот заминаа со максимални 8:13.

Вторниот дел го започнавме малку подобро па во 37 минута дојдовме до негатива од три погодоци разлика, но повторно следеа серија грешки на нашите момци по што Струга повторно ја врати својата максимална предност од пет погодоци. До крајот на натпреварот гостите рутински го завршија натпреварот во своја корист со резултат 23:28.

Ова беше заслужена победа на гостинот од Струга кој на денешниот натпревар беше далеку помотивиран и со поголема желба за победа. За нашите момци ова беше петти пораз во натпревар во кој скоро сите добија шанса од страна на Андон Бошковски, а девет играчи се запишаа во листата на стрелците.

Во следното коло гостуваме кај екипата на Јуниор од Кисела Вода.

Голден Арт КЛ7 – РК Струга 23:28 8:13

Голден Арт КЛ7: Џигероски, Стојков 2, Крстески, Цветаноски 2, Буторац 2, Гучески 2, Симоноски 3, Илиески 1, Димовски 4, Василевски, Темелкоски 1, Ѓорговски 6, Јорданов, Стојковиќ, Гајиќ, Петковски

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин

2020-12-01T18:59:07+00:00 December 1st, 2020|КЛ7|0 Comments