Бошковски: Ние сме млад тим што дополнително ќе расте како што ќе одминува сезоната

//Бошковски: Ние сме млад тим што дополнително ќе расте како што ќе одминува сезоната

Бошковски: Ние сме млад тим што дополнително ќе расте како што ќе одминува сезоната

Голден Арт во својат дебитантска сезона во Суперлигата после шест одиграни кола забележа три победи и еден нерешен резултат додека на два натпревари беше поразен.

После победата во Струмица, тренерот Андон Бошковски задоволен од трите бодови но не и од играта на неговите момци:

„Знаев дека ќе победиме пред мечот, од проста причина што сум свесен колку сериозно работиме на тренинзите, додека Астраион не беше во тренажен процес. Секако дека сум задоволен што стигнавме до бодовите, но не ми се допадна она што го видов на теренот, начинот на кој триумфиравме иако во раната фаза стигнавме до убедливо водство. Сепак, ние сме млад тим што дополнително ќе расте како што ќе одминува сезоната“, изјави Бошковски за ЕКИПА.

Десетте освоени бода во првиот круг на натпреварувањето го ставаат нашиот тим во игра за плеј офот на Суперлигта што е голем успех за овој млад тим

„Резултатите секако ни одат во полза, но пред нас се уште шест натпревари на кои ќе мораме да покажеме добра игра. Ова е млад тим и најважно од се е да се остане смирен. Играчите мора да останат со нозете цврсто на земја, нема причина за летање во облаци бидејќи имаме одиграно само половина од првиот дел од натпреварувањето во Супер-лигата. Пред нас се нови предизвици на кои ќе одговориме само доколку продолжиме да даваме 100% од себе на секој тренинг, на секој натпревар“, порача Андон Бошковски.

Превземено од спортскиот портал www.ekipa.mk

2020-11-20T10:12:41+00:00 November 20th, 2020|КЛ7|0 Comments