Голден Арт КЛ7 ја продолжи серијата успешни настапи

//Голден Арт КЛ7 ја продолжи серијата успешни настапи

Голден Арт КЛ7 ја продолжи серијата успешни настапи

Младите момци на Голден Арт КЛ7 запишаа нова победа во Суперлигата откако вечерва на гостувањето во Струмица ја совладаа екипата на РК Астраион Хендбол со резултат 25:33

Натпреварот го започнавме како што посакуваме со подвижна зона 6-0 и солидна поддршка од голманот Петковски. Одлично отворивме, прво со водство од 1:3,  потоа и со 2:7, а веќе во 15 минута имавме и високи 3:10. Во нападот Буторац и Гајич реализираа по неколку погодоци па веќе во 23. минута дојдовме до највисоките 8 голови предност односно 5:13.

Нашите момци, понесени од набрзина создадената разлика комплетно го променија ритамот, мислејќи дека натпреварот е завршен, а тоа многу добро го искористи противникот и до полувреме се врати во игра. Резултатот на полувремето гласеше 11:14

Во вториот дел домаќинот се обиде комплетно да го сврти натпреварот но немаше доволно сили за пресврт. Во последните 10 минути со погодоци на Џигероски и Буторац, Голден Арт КЛ7 направи недостижни шест разлика и мирно го приведе натпреварот во мирна завршница.

Ова беше трета победа по ред, a прва на гостински терен, откако претходно на домашен терен ги совладаа екипите на РК Јуниор КВ и Пролет 62. После шест одиграни кола од ракометната Суперлига, нашите момци „собраа“ 10 бодови.

РК Астраион Хендбол – Голден Арт КЛ7 25:33 (11:14)

Голден Арт КЛ7: Петковски, Петрески, Џигероски 4, Стојков 1, Крстески 1, Цветаноски 1, Гучески 1, Ѓоргиев 6, Симоноски 2, Илиески, Димовски, Темелкоски 2, Ѓорговски 1, Буторац 9, Гајиќ 5,

Исклучувања: 8 мин

2020-11-18T21:24:04+00:00 November 18th, 2020|КЛ7|0 Comments