Голден Арт КЛ7 со втора победа во Суперлигата, победен е фаворитот Пролет

//Голден Арт КЛ7 со втора победа во Суперлигата, победен е фаворитот Пролет

Голден Арт КЛ7 со втора победа во Суперлигата, победен е фаворитот Пролет

По паузата поради настапите на машката ракометна репрезентација, Голден Арт КЛ7 ја продолжи серијата успешни резултати започната со нерешениот резултат во Струга и победата над Јуниор КВ. На денешниот натпревар, младите момчиња на Андон Бошковски го совладаа фаворитот Пролет со резултат 32:30.

Голден Арт КЛ7 од самиот старт наметна препознатлива игра со многу трчање и ротации во играта, одржувајќи минимална предност. Одбраната функционираше солидно, поддржана од голманот Андреј Петковски.

Во нападот Игор Ѓорѓиев и Кристијан Симоноски беа на високо ниво, но со голема поддршка уште на неколкумина играчи како тинејџерот Ѓорговски, Цветаноски, Гајиќ и Буторац.

Во вториот дел тренерот Матлиески се обиде да промени ритам во одбраната со внесувањето на ветеранот Петар Ангелов, но Голден Арт КЛ7 едноставно ја „решаваше“ одбраната на Пролет од сите позиции.

ФОТОГАЛЕРИЈА: ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ПРОЛЕТ 62

Ова беше петти наш натпревар во Суперлигата, каде до сега забележавме две победи, два порази и еден дуел заврши нерешено. Ни претстои уште еден дуел во првиот дел, против екипата на РК Астраион од Струмица

Голден Арт КЛ7 – РК Пролет 62 32:30 (14:14)

Голден Арт КЛ7: Ерманоски, Џигероски 2, Стојков 1, Крстески, Цветаноски 3, Гучески, Ѓоргиев 5, Симоноски 9, Илиески 1, Димовски 1, Темелкоски, Ѓорговски 4, Јорданов, Буторац 3, Гајиќ 3, Петковски

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин

2020-11-13T19:23:28+00:00 November 13th, 2020|КЛ7|0 Comments