Младите момци на Голден Арт КЛ7 дојдоа до првата победа во Суперлигата

//Младите момци на Голден Арт КЛ7 дојдоа до првата победа во Суперлигата

Младите момци на Голден Арт КЛ7 дојдоа до првата победа во Суперлигата

Голден Арт КЛ7 денес ја забележа својата премиерна победа во Суперлигата откако убедливо го совлада Јуниор Кисела Вода со 30:18.

Натпреварот започна израмнето, екипите се менуваа во водството се до 10 минута кога нашите момци наметна висок ритам, со цврста одбрана и многу трчање од 4:3 направија фантастична серија од 6:0 и дојдоа до водство од 10:3, предост која успеаа да ја зачуваат до самиот крај. На крајот од првиот дел пропуштија да дојдат до повисока предност па на крајот заминаа со резултат 15:7.

Вториот дел продолжи во истиот ритам, Петковски одлично бранеше на голот со што овозможи да дојдеме и до максимални 13 погодоци разлика пред самиот крај на натпреварот.

Фотогалерија: Голден Арт КЛ7 – Јуниор Кисела Вода

На крајот резултатот гласеше 30:18 со што дојдовме до првата победа во Суперлигата.

Имајќи предвид дека системот на натпреварување е доста згуснат, тренерот Бошковски направи доста ротации и им даде шанса на сите ракометари во својот ростер, а дури 11 ракометари се запишаа на листата на стрелците.

Следниот натпревар Голден Арт КЛ7 го игра во среда против екипата на Астрион во Струмица.

Голден Арт КЛ7 – Јуниор КВ 30:18 (15:7)

Голден Арт КЛ7: Ерманоски, Џигероски 1, Стојков 7, Крстески 1, Цветаноски 2, Гучески 5, Ѓоргиев 2, Симоноски 2, Илиески, Димовски 5, Темелкоски 1, Ѓорговски 3, Буторац 1, Стојковиќ, Гајиќ, Петковски

Седмерци: 0/1 Исклучувања: 14 мин

2020-10-25T17:11:09+00:00 October 25th, 2020|КЛ7|0 Comments