Со гол во последните секунди до прв бод во Суперлигата

//Со гол во последните секунди до прв бод во Суперлигата

Со гол во последните секунди до прв бод во Суперлигата

Младите момци на Андон Бошковски го освоија првиот бод во Суперлигата откако во драматичен натпревар со гол во последните секунди дојдоа до позитивен резултат против поискусниот суперлигаш.

Домаќините на почетокот брзо дојдоа до водство од 2:0, но нашите момци брзо возвратија со серија од 3:0 и прво водство после 10 минути игра. Натпреварот продолжи со игра гол за гол и тврда одбрана на двете страни каде после 30 минути беа постигнати само 17 погодоци (8:9)

ФОТОГАЛЕРИЈА: РК СТРУГА – ГОЛДЕН АРТ КЛ7

Во вториот дел РК Струга ја превзема контролата на играта и брзо дојде во водство прво со два погодоци а потоа и со максимални три погодоци разлика(16:13). Но нашите момци не дозволија противникот да дојде до недостижна предност преку кадетот Емилијан Ѓорговски со три погодоци во низа дојдоа до израмнување од 18:18. Натпреварот влезе во неизвесна завршница се до самиот крај каде во последната минута домаќинот имаше предност од два погодоци.

Брзо постигнавме погодок да ја вратиме предноста од еден погодок и дојдовме до шанса во последниот напад да погодиме за прв бод во Суперлигата. Тоа ни успеа со гол од 12 метри во последните секунди, по што следеше заслужена радост за овие момци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RK Golden Art KL7 (@rk_goldenart_kl7) on

Во недела од 13 часот нашите момци ги очекува нов суперлигашки дуел овој пат против екипата на РК Јуниор од Кисела Вода

РК Струга – Голден Арт КЛ7 23:23 8:9

Голден Арт КЛ7: Ерманоски, Џигероски 3, Стојков 2, Крстески 2, Цветаноски, Буторац 4, Гучески 3, Ѓоргиев, Симоноски 3, Илиески, Димовски 1, Темелкоски, Ѓорговски 5, Стојковиќ, Гајиќ, Петковски

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин

2020-10-24T07:14:15+00:00 October 24th, 2020|Главни Новости|0 Comments