Пораз на Голден Арт КЛ7 во деби настапот во Суперлигата

//Пораз на Голден Арт КЛ7 во деби настапот во Суперлигата

Пораз на Голден Арт КЛ7 во деби настапот во Суперлигата

Очекуван пораз на нашата млада екипа во својот прв натпревар во Суперлигата. Фаворитот, екипата на ГРК Охрид забележа победа со резулат 23:29.

Гостите од Охрид, одлично го отворија натпреварот со водство од 1:4, за брзо време поведоа и со 3:8. Водството го задржаа во текот на целиот натпревар, а на крајот од првиот дел дојдоа и до максимални девет погодоци разлика, 8:17.

Вториот дел одигравме далеку поквалитетно и подобро, нашите момци како да ја победија почетната трема од Суперлигата, па вториот дел го добија со резултат 15-12, но тоа беше недоволно за промена на конечниот резултат, па на крајот го запишавме првиот пораз со резултат 23:29

Следниот натпревар го играме веќе во понеделник, каде за противник го имаме тимот на РК Радовиш

Голден Арт КЛ7 – ГРК Охрид 23:29 (8:17)

Голден Арт КЛ7: Петкоски, Петрески, Буторац, Ѓорговски 3, Гајиќ 1, Стојковиќ 1, Темелкоски 2, Симоноски 4, Крстески, Стојков, Димовски 2, Даев, Ѓоргиев 5, Илиески 4, Цветаноски 1,

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 6 мин

2020-09-11T21:12:11+00:00 September 11th, 2020|КЛ7|0 Comments