Бошковски: Голден Арт КЛ7 ќе бара шанса за надигрување со секој противник оваа сезона

//Бошковски: Голден Арт КЛ7 ќе бара шанса за надигрување со секој противник оваа сезона

Бошковски: Голден Арт КЛ7 ќе бара шанса за надигрување со секој противник оваа сезона

Во петок стартува македонската Суперлига во ракомет. За прв пат дел од Суперлигата ќе биде и тимот на Голден Арт КЛ7, најмладиот колектив во ова првенство

Во првиот дел 14 екипи поделени во две групи ќе се борат за шест места во Плеј оф, додека  останатите екипи ќе играат за опстанок. Голден Арт КЛ7 се најде во Група А заедно со ГРК Охрид, РК Пролет, РК Струга, РК  Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Астраион од Струмица. Првиот натпревар го играме на домашен терен, а за противник го имаме фаворитот, екипата на ГРК Охрид.

Ние сме млада екипа и како екипа и како структура на играчи, без суперлигашко искуство, но со мотив да на секој нов натпревар одиграме подобро од претходниот. Охрид е фаворит имајќи предвид дека е многу поискусна екипа со играчи од странство и играчи кои долги години играат во суперлигата но и со резултати кои се на завидно ниво последните неколку години. Голден Арт КЛ7 ќе бара шанса за надигрување со секој противник оваа сезона па така и со Охрид. Ако ни се даде можност ќе се обидеме да го изненадиме.
Сепак во многу поважно за нас како клуб е да растеме од секој аспект а играњето во најквалитетното македонско натпреварување ќе ни го овозможи тоа.

Натпреварот со ГРК Охрид започнува од 19 часот, а ќе можете да го проследите директно на МТВ3

2020-09-11T07:09:19+00:00 September 10th, 2020|КЛ7|0 Comments