Последен тест натпревар за Голден Арт КЛ7 пред почетокот на Суперлигата

//Последен тест натпревар за Голден Арт КЛ7 пред почетокот на Суперлигата

Последен тест натпревар за Голден Арт КЛ7 пред почетокот на Суперлигата

За една недела нашите момци одиграа втор пријателски натпревар со екипата на ГРК Тиквеш, ако на првиот одигравме одлично и ја имавме контролата на натпреварот овој пат беше обратно. Подобар противник беа кавадарчани каде забележаа победа со 31:26.

Натпреварот го започнавме израмнето, првите 15 минути се играше гол за гол, потоа противникот со серија од 6:1 (12:7) дојде до водство кое знаеше искусно да го задржи до крајот на самиот меч. На полувреме заминавме со негатива од 16:11

Второто полувреме го започнавме подобро, намаливме на три погодоци разлика но тоа беше се што успеавме да направиме. ГРК Тиквеш повторно ја врати својата предност од пет погодоци за конечни 31:26.

Ова беше последен тест натпревар за момците на Андон Бошковски и Билјана Црвенкоска пред дуелот во Суперлига со РК Охрид во петок од 19 часот.

ГРК Тиквеш – Голден Арт КЛ7 31:26 (16:11)

Голден Арт КЛ7: Петрески (15 одбрани), Каковски 2, Ѓоргиев 5, Стојков 1, Крстевски 1, Димовски 3, Илиески 7, Темелкоски 1, Ѓорговски 4, Буторац 1, Гајиќ 1

2020-09-05T16:14:18+00:00 September 5th, 2020|КЛ7|0 Comments