КЛ7 Битола дел од пионерската лига на РФМ

//КЛ7 Битола дел од пионерската лига на РФМ

КЛ7 Битола дел од пионерската лига на РФМ

Приказната на битолската школа за ракомет на капитенот, започна есента 2018 година.Големиот интерес на дечињата да бидат дел од КЛ7 Битола по кој знае кој пат , без оглед на промена на многу генерации докажа дека и понатаму ракометот овде е љубов најголема.

По две години одлично функционирање, посветеност и соработка на тренерите Борче Марковски и Кирил Атанасовски, оваа година се формираше група на деца родени 2006/07 која во сезоната која ни претстои ќе учествува во системот на натпреварување на Ракометната Федерација на Македонија.

КЛ7 Битола, сега предводена од тренерот на пионерската репрезентација на Македонија, Кирил Атанасовски и долгогодишниот професор по физичка култура, Антонио Трпковски стартуваше со тренинзи, подготвувајќи се за своите први официјални натпревари во пионерска конкуренција.

Првенствено, децата на школата на Капитенот ќе тренираат на отворено, во гратскиот парк , почитувајќи ги препораките за заштита од Ковид 19, а од следната недела ќе продолжат со тренинзи во сала.

Школата КЛ7 Битола наскоро ќе продолжи со тренинзи и за помалите момчиња и девојчиња, родени 2008/09 и 2010 и помали на веќе познатите локации, спортските сали при ОУ Коле Канински и ОУ Климент Охридски.

Се гледаме во сала!

2020-09-04T18:29:34+00:00 September 4th, 2020|Битола|0 Comments