Измена во календарот за натпреварување и задолжителни КОВИД тестови за сите играчи

//Измена во календарот за натпреварување и задолжителни КОВИД тестови за сите играчи

Измена во календарот за натпреварување и задолжителни КОВИД тестови за сите играчи

Според најавите од РФМ новата сезона во Суперлигата се очекува да стартува кон половината на овој месец. Во меѓувреме Ракометната федерација на Македонија поведена од состојбата со Ковид 19, а со цел да им помогне на суперлигашите донесе неколку одлуки.

Разбирајќи ја финансиската состојба во услови на пандемија РФМ ги ослободува суперлигашките клубови од надомест на котизација. Истовремено размислувајќи за лесниот начин на заразување со корона вирусот федерацијата ги обврзува суперлигашите на задолжително седмично тестирање за КОВИД-19, кое финансиски ќе биде покриено од нејзина страна. Истото ќе се спроведува во ЈЗУ „ 8 – ми септември“. За полесна координација и контрола формирана е комисија за надзор чии координатор е Славе Николов а дел од неа се и Гино Стрезовски, Камер Металари и Левче Китевски .

Сезона во ракометната Суперлига ќе стартува наредната недела (11.09.2020), додека првиот дел треба да заврши на 26.10.2020.

Распоред на натпревари на Голден Арт КЛ7:

Коло 1 (11.09.2020 г.): Голден Арт КЛ7 – РК Охрид 2013

Коло 2 (14.09.2020 г.):  РК Радовиш – Голден Арт КЛ7

Коло 3 (18.09.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 – РК Пролет 62

Коло 4 (21.09.2020 г.):  РК Струга – Голден Арт КЛ7

Коло 5 (25.09.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 – РК Јуниор КВ

Коло 6 (28.09.2020 г.):  РК Астраион Хендбол – Голден Арт КЛ7

Коло 7 (02.10.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 слободен

Коло 8 (05.10.2020 г.):  РК Охрид 2013 – Голден Арт КЛ7

Коло 9 (09.10.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 – РК Радовиш

Коло 10 (12.10.2020 г.):  РК Пролет 62 – Голден Арт КЛ7

Коло 11 (16.10.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 – РК Струга

Коло 12 (19.10.2020 г.):  РК Јуниор КВ – Голден Арт КЛ7

Коло 13 (23.10.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 – РК Астраион Хендбол

Коло 14 (26.10.2020 г.):  Голден Арт КЛ7 слободен

2020-09-03T09:32:41+00:00 September 3rd, 2020|КЛ7|0 Comments