Голден Арт КЛ7 одигра тест натпревар со екипата на РК Металург

//Голден Арт КЛ7 одигра тест натпревар со екипата на РК Металург

Голден Арт КЛ7 одигра тест натпревар со екипата на РК Металург

Младите момци на Голден Арт КЛ7 одиграа пријателски натпревар со екипата на Металург и забележаа  пораз од 33:25.

Иако започнавме одлично против далеку поискусниот противник, нашите млади момци не успеаа резултатски да изненадат. Натпреварот го отворивме со водство од 0:2, брзо врати домаќинот израмни 2:2 па следеше ново израмнување 4:4. Па потоа Металург го превзема водството (7:5) и успеа да го зачува до крајот на натпреварот. Во последните 10 минути од првото полувреме Металург постигна 10 погодоци додека нашите момци само четири и заминавме на одмор со негатива од осум погодоци односно 17:9

Вториот дел одигравме подобро и завршивме нерешено 16-16, односно конечен резултат 33:25

Фотогалерија од пријателскиот натпревар со РК Металург

Ова беше шести тест натпревар за Андон Бошковски, нов дуел не очекува во сабота против екипата на ГРК Тиквеш 2014. Додека за Металург ова беше последен тест натпревар пред реванш дуелот од првото квалификациско коло за Европската лига со Спачва

РК Металург – Голден Арт КЛ7 33:25 17:9

Голден Арт: Каковски 1, Ѓеоргиев 2, Стојков 1, Гучески 1, Даев 3, Димовски 2, Илиески 3, Стојковиќ 1, Темелкоски 2, Ѓорговски 4, Буторац 2, Гајиќ 3

2020-09-02T19:41:47+00:00 September 2nd, 2020|КЛ7|0 Comments