Втора победа за Голден Арт КЛ7 на подготовките, совладан е Тиквеш 2014

//Втора победа за Голден Арт КЛ7 на подготовките, совладан е Тиквеш 2014

Втора победа за Голден Арт КЛ7 на подготовките, совладан е Тиквеш 2014

Момците на Андон Бошковски ја забележаа својата втора победа на подготвките за новата сезона. Во возбудлив натпревар совладана е екипата на ГРК Тиквеш 2014 со 27:26.

Одлично го отворивме натпреварот, па после 8 минута игра имавме предност од 6:2. Не дозволија младите момци резултатски да се приближи ГРК Тиквеш па во 27 минута дојдовме и до максимални пет погодоци разлика односно 14:9, додека на крајот од првиот дел заминавме со предност од 15:10

Вториот дел го продолживме во ист ритам, ја одржувавме предноста, а во 39 минута имавме и максимални шест погоди разлика, 19-13. Во последните 10. минута од натпреварот следуваше мал пад на играта со што останавме со четири играчи во поле, а тоа знаше како искусниот противник да го искористи па прво намали на три погодоци разлика, за на крајот да дојдат и до гол разлика со што ги поставија конечните 27:26

 До крајот на оваа недела не очекува нов дуел со Тиквеш, на гостински терен, додека во среда гостуваме во Автокоманда на првиот тим на РК Металург.

Голден Арт КЛ7 – РК Тиквеш 2014  27:26 (15:10)

Голден Арт КЛ7: Цветаноски 2, Каковски 2, Ѓеоргиев 1, Стојков 1, Крстески 2, Гучески 2, Даев 2, Димовски 5, Илиески 2, Стојковиќ 2, Ѓорговски 6

2020-08-29T19:54:07+00:00 August 29th, 2020|КЛ7|0 Comments