Голден Арт КЛ7 и Прилеп одиграа вистински тест натпревар

//Голден Арт КЛ7 и Прилеп одиграа вистински тест натпревар

Голден Арт КЛ7 и Прилеп одиграа вистински тест натпревар

Втората денешна контрола на нашите момци против РК Прилеп заврши со пораз од три голови разлика, во натпревар кој беше вистинска проверка за моменталната форма на двете екипи.

Стартот на натпреварот му припадна на гостите од Прилеп кои благодарение на расположените голмани имаше предност од 8:2. Во продолжение нашиот тим се врати во игра и како поминуваше времето играше се подобро па пред крајот на првиот дел замина само со три погодоци негатива, односно 13-16.

Вториот дел младите момци на Голден Арт КЛ7 одлично го започнаа и ја намалија предноста на само еден погодок, долго време се играше гол за гол, но на крајот искуството пресуди кај прилепчани и го добија овој тест натпревар со резултат 24:27

Последниот натпревар Голден Арт КЛ7 ќе го одигра во среда со првиот тим на Еурофарм Пелистер во Битола.

Голден Арт КЛ7 – РК Прилеп 24:27 (13:16)

Голден Арт КЛ7: Симоноски 4, Ѓеоргиев 4, Гучески 1, Димовски 8, Илиески 1, Стојковиќ 2, Темелкоски 3, Петковски 1

2020-08-23T20:10:33+00:00 August 23rd, 2020|КЛ7|0 Comments