Професорите Бошковски, Котески и Контески ги стартуваа подготовките со најмладите селекции на КЛ7 во машка и женска конкуренција

//Професорите Бошковски, Котески и Контески ги стартуваа подготовките со најмладите селекции на КЛ7 во машка и женска конкуренција

Професорите Бошковски, Котески и Контески ги стартуваа подготовките со најмладите селекции на КЛ7 во машка и женска конкуренција

Најмладите селекции на КЛ7 Скопје во машка и женска конкуренција минатата недела ги стартуваа подготовките за новата сезона. Момчињата, деца родени 2006 година и помали, предводени од нивниот тренер Професор Влатко Котески оваа натпреварувачка сезона за прв пат ќе се натпреваруваат во систем на натпреварување во организација на ракометната федерација на Македонија, како помлади пионери, имајќи предвид дека и оваа година во пионерската лига право на настап имаат момчиња родени 2004 година и помали. Тренерот Котески на тренинзите има на располагање 25 момчиња кои произлегуваат од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ на територија на Град Скопје.

Паралелно со машката селекција на деца родени 2006 година и помали, со тренинзи стратуваше и понежниот дел од #КЛ7_Фамилија, ЖРК КЛ7, кој оваа година пријави учество во две младински категории во организација на ракометната федерација на Македонија. Предводени од нивниот нов тренер, легендата на македонскиот тренерски занает, Професор Лефтер Бошковски и неговиот помошник, Професор Катерина Контески, младите девојки ги стартуваа подготовките за што поподготвени да ги дочекаат натпреварите во кадетската лига за девојки родени 2004 година и помали, селекција која ќе ја води Лефтер Бошковски и во пионерската лига за девојки родени 2006 година и помали, селекција која од клупата ќе ја води Катерина Контески.

Од самиот старт како дел од подготовките момците и девојките на #КЛ7 практикуваат тренинзи на отоворено и во спортска сала, работејќи на подигање на физичката и техничката подготовка.

Според претходно направениот план за подготовки на најмладите младински селекции на #КЛ7_Скопје, при крајот на месец август момците и девојките ќе стартуваат со одигрување на подготвителни натпревари.

2020-08-14T15:40:56+00:00 August 14th, 2020|КЛ7|0 Comments