Исхрана во спортот со нутриционистот Сашко Дрвошански

/, КЛ7/Исхрана во спортот со нутриционистот Сашко Дрвошански

Исхрана во спортот со нутриционистот Сашко Дрвошански

Со стартот на подготовките за сезона 2020/21, Голден Арт КЛ7 покрај двојната програма на тренинг во сала и на отворено, работи на едукација на своите млади ракометари во делот здрава спортска исхрана.

Имено, веќе се одржа едно онлајн предавање, кое го реализраше нутриционистот Сашко Дрвошански во соработка со нашиот кинезитерапевт Димитар Маневски, дипломиран стручен физиотерапевт.

Предавањето беше наменето за сите возрасни категории на клубот, почнувајќи од пионерите, кадетите и првата екипа. Во периодот што следува во план е да се реализираат уште неколку вакви предавања на различни теми со врвни експерти од соодветната област.

2020-08-04T12:46:07+00:00 August 4th, 2020|Главни Новости, КЛ7|0 Comments