Чакарески: Максимално ќе придонесеме за развојот на македонскиот ракомет

//Чакарески: Максимално ќе придонесеме за развојот на македонскиот ракомет

Чакарески: Максимално ќе придонесеме за развојот на македонскиот ракомет

Голден Арт КЛ7 ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која за првпат ќе се натпреварува во македонската ракометна Суперлига.

Како дебитант и како најмлада екипа ќе има тешка задача во група А заедно со Јуниор Кисела Вода, Астраион, Пролет 62, Радовиш, Охрид и Струга. Но главната цел за оваа сезона останува напредокот на младите ракометари преку квалитетен тренажен процес.

„Како нова екипа во Суперлигата, најмалку од се не интересираше составот на групите, нас не интересира исклучиво нашиот напредок, самата екипа е така составена од дваесетгодишни репрезентативци во кадетска и младинска конкуренција.

Во секој натпревар ќе бидеме аутсајдери Премногу ќе ни фалат натпреварите од плеј-офот во Првата лига, тоа искуство на играчите кои им беше одземено поради новостанатата ситуација во светски размери со вирусот Ковид 19.

Ќе се трудиме максимално да напредуваме на секој тренинг, на крај се надеваме дека ќе ги оправдаме очекувањата на македонската ракометна јавност како нов клуб на сцената и максимално ќе придонесеме за развојот на македонскиот ракомет преку напредок и производство на македонски репрезентативци“ изјави спортскиот директор на Голден Арт КЛ7, Милчо Чакарески

Првиот дел од подготовките ќе траат до 31 јули и ќе се одржат надвор од сала, а потоа по празникот Илинден ќе се комбинираат тренинзите во сала и надвор. Пријателски средби се планирани по 16 август, кога Голден Арт КЛ7 ќе го напушти Скопје и ќе замине на подготовки.

2020-07-27T12:36:07+00:00 July 27th, 2020|КЛ7|0 Comments