Голден Арт КЛ7 ги започна подготовките за новата сезона

//Голден Арт КЛ7 ги започна подготовките за новата сезона

Голден Арт КЛ7 ги започна подготовките за новата сезона

Нашиот тим предводен од Андон Бошковски, Билјана Црвенкоска и Димитар Маневски ги започнаa подготовките за новата сезона и ќе се работи согласно донесениот протокол од страна на Ракометната федерција на Македонија, почитувајќи ги сите препораки за тренирање во услови на пандемија.

Според претходно утврден план до 31 јули ќе се работи двапати на ден надвор од сала, додека после големиот македонски празник Илинден, стартувајќи од 03 август ќе се комбинираат тренинзите во сала и надвор.
Од 16 август екипата ќе замине на подготовки надвор од Скопје, каде што ќе се одиграат и повеќе подготвителни натпревари.

2020-07-26T12:25:37+00:00 July 26th, 2020|КЛ7|0 Comments