Бошковски: Млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик

//Бошковски: Млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик

Бошковски: Млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик

Голден Арт КЛ7 оваа сезона за прв пат ќе дебитира во ракометната Суперлига. Како дебитант во ова натпреварување нашиот тренер Андон Бошковски на располагање ќе ја има и најмладата екипа оваа сезона во Суперлига.

Почетокот на сезоната е закажан за 12/13 септември, а нашите момци се најдоа во група А заедно со Јуниор Кисела Вода, Астраион, Пролет 62, Радовиш, Охрид и Струга.

„Ние сме дебитанти во Суперлигата и сме аусајдери во однос на Охрид, Пролет, Струга и Радовиш.

Но нашата цел е да тренираме добро, да пробаме да го подигнеме квалитетот едно ниво погоре на овие наши млади играчи. Ова е млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик, екипа која знам дека ќе се потруди да се претстави во едно подобро светло“ изјави тренерот на Голден Арт КЛ7, Андон Бошковски

 

2020-07-26T18:11:06+00:00 July 26th, 2020|КЛ7|0 Comments