Виктор Василевски и Глигор Гајиќ се новите имиња кои од следната сезона ќе ги бранат боите на најмладиот ракометен клуб во Македонија, Голден Арт КЛ7.
Овие младински репрезентативци кои имаат и суперлигашко искуство доаѓаат од редовите на ракометниот клуб Металург кој години наназад продуцира млади домашни играчи. Концептот на нашиот клуб во создавање, напредок и развој на младите како ракометари и здрави личности во целост се совпаѓа со концептот на Металург со крајна цел и мисија за унапредување на македонскиот ракомет и подобрување на квалитетот на домашното првенство.
Комплетирањето на екипата со Василевски и Гајиќ кои настапија и на последното светско кадетско првенство, ќе овозможи стручниот штаб да има оптимален број на играчи и ќе ја зголеми конкурентноста на нивните позиции. Поширокиот ростер ќе допринесе подобар квалитет со оглед на новите предизвици кои стојат пред Голден Арт КЛ7 како дебитант во Суперлигата.