Голден Арт КЛ7 потпиша договор со Буторац, а го продолжи со Петковски

//Голден Арт КЛ7 потпиша договор со Буторац, а го продолжи со Петковски

Голден Арт КЛ7 потпиша договор со Буторац, а го продолжи со Петковски

Создавањето и ангажирањето на млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Клуб кој вложува и дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи.

Во следните две години клубот се засилува со битолчанецот кој има европско искуство, Андре Буторац, играч на позиција десен бек, роден 2001 година а минатата година беше дел од суперлигашкиот тим Пелистер од Битола

Исто така, Голден Арт КЛ7 го продолжи договорот со голманот Андреј Петковски на уште две години, кој е во клубот од декември минатата година. Тој е наш младински репрезентативец роден 2001, кој до сега има настапувано и за ракометните клубови Вардар Јуниор и Работнички, екипи кои се натпреваруваа во Супер лигата.

2020-05-31T11:44:40+00:00 May 31st, 2020|КЛ7|0 Comments