Три победи за нашите екипи во младинските категории

//Три победи за нашите екипи во младинските категории

Три победи за нашите екипи во младинските категории

Викендов се одиграа редовните кола во младинските категории организирни од ракометната федерација на Македонија. Нашите екипи забележаа три победи и два порази

Први стартуваа младинците на КЛ7 од Скопје кои во дербито на осмото коло го совладаа РК Бутел со 32:25 и ја продолжија својата победничка низа без пораз. Одлично го отворивме натпреварот со водство од 3:1, предност што ја одржувавме во првиот дел, се пред самиот крај кога со серија од 5:1 успеавме да се „одлепиме“ и да дојдеме до поголема предност после 30 минути игра, односно 16:12.

Вториот дел повторно го започнавме одлично, знаевме како да ги искористиме грешките на противникот и да дојдеме до максимални десет погодоци предност(27:17) на средина од вториот дел. До крајот ни следеше мирен финиш каде успеавме да го завршиме натпреварот со победа од 32:25

ФОТОГАЛЕРИЈА: КЛ7 – РК Бутел

РК КЛ7 – РК Бутел 32:25 (16:12)

КЛ7: Богдановски 1, Трајкоски 7, Стојков 6, Крстески, Ѓоргиев 4, Каковски 1, Симоноски 2, Василев 1, Темелкоски 5, Илиески 2, Павлов 1, Димовски 2, Ерманоски, Јорданов, Стојковиќ, Петковски

Седмерци: 2/6 Исклучувања: 4 мин

Пионерите на КЛ7 Свети Николе забележаа пораз од 20:17 на гостувањето во Струмица кај екипата на Астраион. Натпреварот започна во израмнета борба, каде  ниту една екипа немаше резултатска контрола. После 20 мин игра, домаќинот замина на пауза со водство од само еден погодок, 10:9. Вториот дел продолжи во ист ритам, се играше гол за гол, се до самиот крај кога Астраион со серија од 3:0 дојде до водство од 18:15 и веќе беше познат победникот на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше 20:17.

РК Астраион – КЛ7 Свети Николе 20:17 (10:9)

КЛ7 Свети Николе: Панев, Ивановски, Чекеровски, Ефремовски, Даскалов 8, Тодоров 2, Крстев 3, Андов, Чековски, Тодосовски 1, Гичев 1, Кочиев, Коцев, Лазаров 1, Трачев 1

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 2 мин

Во недела се одиграа три натпревари на кои два од нив завршија со убедлива наша победа, а еден од нив убедливо загубивме.

Нашата најмлада селекција, пионерките на ЖРК КЛ7 беа убедливо поразени од пионерскиот шампион и првопласирана екипа, ЖРК Вардар со 9:28.

Иако имаа добар почеток пионерките, по првите 10 минути игра резултатот беше нерешен 4:4, но потоа следеше катастрофален период каде за 10 минута игра успеавме да примиме дури 14 погодоци и на полувреме да заминеме со резултат 5:18. Во вториот дел за момент го запревме налетот на вардарки и конечниот резултат гласеше 9:28

ФОТОГАЛЕРИЈА: ЖРК КЛ7 – ЖРК Вардар

ЖРК КЛ7 – ЖРК Вардар 9:28 (5:18)

ЖРК КЛ7: Самандова, Беровиќ, Георгиевска, Анчевска, Ѓорговска 1, Доневска, Блажевска, Костенчева, Наче, Аврамовска, Блажевска, Брљамова, Цветановска 2, Максимова, Ѓурчевска 2, Конева 4,

Седмерци: 0/3 Исклучувања: 4 мин

Следен наш натпревар беше помеѓу екипите на КЛ7 од Скопје и Риниа, кој заврши со убедлива наша победа од 26:4.

Во првиот дел екипата на Риниа постигна само четири погодоци, а вториот дел го завршија без ниту еден постигнат гол. На овој натпревар шанса од тренерот Никчевиќ добија и многу помладите пионери кои одлично си ја завршија дадена задача.

ФОТОГАЛЕРИЈА: РК КЛ7 – РК Риниа

РК КЛ7 – РК Риниа 26:4 (12:4)

РК КЛ7: Василевски, Д. Пасковски, М. Пасковски 2, Перуновски 1, Ниновски 4, Зафировски, Колев 3, Продановски 2, Билбилоски 3, Пецановски 4, Глигоров 5, Арсовски 2, Трајков, Ѓорчески, Проданов

Седмерци: 2/5 Исклучувања: /

КЛ7 Струга забележа убедлива победа на гостувањето во Скопје, кај екипата на  РК Вардар со резултат 21:36. Нашите ракометари имаа фуриозен почеток со серија од 1:11 во првите 10 минути со што за брзо време беше познат победникот на натпреварот.

До крајот на првиот дел примивме само шест погодоци а постигнавме 21. Во вториот дел шанса добија и најмалите пионери кои одлично продолжија и дојдоа до максимални 20 погодоци разлика (11:31) и донесоа победа на крајот од 21:36

ФОТОГАЛЕРИЈА: РК Вардар – КЛ7 Струга

РК Вардар – КЛ7 Струга 21:36 (6:21)

КЛ7 Струга: Мишевски 3, Дуноски 2, Џигероски, Негриески 2, Маркоски, Христоски 4, Шулески 3, Тутенкоски 1, Ѓорговски 14, Ортаковски, Костовски 4, Мариноски 1, Галевски, Тренески 2

Седмерци: 5/5 Исклучувања: 12 мин

2020-03-09T14:51:02+00:00 March 9th, 2020|Главни Новости|0 Comments