Нова победа за КЛ7 во Првата лига

//Нова победа за КЛ7 во Првата лига

Нова победа за КЛ7 во Првата лига

Овој викенд повторно на терен се вратија прволигашите и ја продолжија борбата за влез во плеј оф натпреварувањето. Нашите момци имаат обезбедено пласман во плеј оф фазата, па денес како гости се судрија со искусната екипата на Преспа 2015 во Битола.

Во неизвесен натпревар ја совладавме екипата од Ресен минимално со 20:19. Од самиот старт се играше гол за гол и ниту една екипа не успеа да се „одлепи“ со поголема предност на почетокот. Но нашите момци успеаа со серија од 4:1 да дојдат до предност од четири погодоци пред самиот крај на првиот дел, но и не да ја задржат таа предност, па на полувреме заминавме со предност од 12:14.

Вториот дел го започнавме одлично, имавме предност и од три погодоци разлика, но не успеавме да ја зачуваме и да обзбедиме мирен финиш на натпреварот. Противникот ги користеше нашите грешки и дојде до ново, шесто израмнување на резултатот, 16:16. На крајот од натпреварот влеговме во возбудлива завршица каде повеќе среќа имаа нашите млади момци и дојдоа до нова победа, односно 11-та во Првата лига.

Во последното коло од оваа фаза гостуваме во Гевгелија кај екипата на Партизан.

КЛ7 – Преспа 2015 20:19 (14:12)

КЛ7: Трајкоски 1, Стојков 2, Крстески, Цветаноски 6, Ѓоргиев 1, Каковски 1, Симоноски 1, Василев, Темелкоски 2, Ерманоски, Илиески 4, Павлов, Димовски 2, Јорданов, Стојковиќ, Петковски

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин

2020-03-08T15:59:01+00:00 March 8th, 2020|КЛ7|0 Comments