КЛ7 ја продолжи победничката низа во младинска конкуренција

//КЛ7 ја продолжи победничката низа во младинска конкуренција

КЛ7 ја продолжи победничката низа во младинска конкуренција

Нашите млади момци ја забележаа својата осма победа и ја продолжија победничката низа без пораз во младинска конкуренција. Во дербито на осмото коло беше совлада второпласираната екипа од групата 2, РК Бутел со 32:25

Во текот на целиот натпревар имавме резултатска контрола и не дозволиме противникот да дојде до можност да освои бодови денеска. Одлично го отворивме натпреварот со водство од 3:1, предност што ја одржувавме во првиот дел, се пред самиот крај кога со серија од 5:1 успеавме да се „одлепиме“ и да дојдеме до поголема предност после 30 минути игра, односно 16:12 .

Вториот дел повторно го започнавме одлично, знаевме како да ги искористиме грешките на противникот и да дојдеме до максимални десет погодоци предност(27:17) на средина од вториот дел. До крајот ни следеше мирен финиш каде успеавме да го завршиме натпреварот со победа од 32:25

Наредниот викенд, нашите момци гостуваат кај екипата на РК Струга која на домашен терен има две победи и два минимални порази.

РК КЛ7 – РК Бутел 32:25 (16:12)

КЛ7: Богдановски 1, Трајкоски 7, Стојков 6, Крстески, Ѓоргиев 4, Каковски 1, Симоноски 2, Василев 1, Темелкоски 5, Илиески 2, Павлов 1, Димовски 2, Ерманоски, Јорданов, Стојковиќ, Петковски

Седмерци: 2/6 Исклучувања: 4 мин

2020-03-07T19:46:32+00:00 March 7th, 2020|КЛ7|0 Comments