Викендов продолжуваат натпреварите во младинските категории

//Викендов продолжуваат натпреварите во младинските категории

Викендов продолжуваат натпреварите во младинските категории

Овој викенд ќе продолжат натпреварите во сите младински категории под организација на РФМ.

Први натпревари за оваа полусезона ќе имаат младинците на КЛ7 од Скопје и Струга во група 2. Дербито од оваа група ќе се одигра во сабота од 12 часот, каде второпласираната екипа на РК Бутел ни гостува во спортската сала на ОУ „Круме  Кепески“. Нашите младинци од Скопје се на првата позиција со 100% учинок после седум одиграни кола. Младинците од Струга гостуваат кај екипата на РК Вардар, во недела од 11 часот.

Кадетите на КЛ7 Струга ќе го одиграат 11-то коло и повторно ги очекува дерби натпревар, откако во претходното коло во градското дерби ја совладаа екипата на РК Струга. Во сабота од 13 часот гостуваат во Битола кај екипата на РК Еурофарм Пелистер.

Први натпревари оваа календарска година имаат и пионерите од група 1 и група 2. КЛ7 од Свети Николе како второпласиран гостува во Струмица кај Астраион. Натпреварот е закажан во сабота од 13 часот. КЛ7 Струга во понеделник од 20 часот гостува кај Преспа Вардар од Ресен и со победа ќе го задржи својот 100% учинок. Пионерите од Скопје по минатонеделниот пораз од РК Бутел, победа ќе бараат во недела од 12 часот против екипата на РК Риниа во спортската сала на ОУ „Круме  Кепески“, а нашите најмлади пионерки во недела од 10 часот ќе се судрат со минатогодишниот пионерски шампион и моментално првопласираната екипа, ЖРК Вардар.

2020-03-06T14:21:01+00:00 March 5th, 2020|Главни Новости|0 Comments