Стартуваше пролетниот дел во пионерска конкуренција

//Стартуваше пролетниот дел во пионерска конкуренција

Стартуваше пролетниот дел во пионерска конкуренција

Викендов покрај кадетската стартуваше лигата во машка и женска пионерската конкуренција. Двете наши екипи од Скопје забележаа порази.

ЖРК КЛ7 забележа пораз на гостувањето во Делчево со резултат 22:17. Иако нашите девојки добро го стартуваа натпреварот и играа израмнето во првиот дел, сепак дозволија противникот со серија од 7:0 да го реши победникот после 20 минута игра. До крајот на натпреварот успеавме да намалиме и да ги поставиме конечните 22:17

Во наредното коло ја пречекуваме првопласираната екипа во група 1, екипата ЖРК Вардар. Натпреварот ќе се одигра во недела во спортската сала „Круме Кепески“ од 10 часот

ЖРК Делчево Вардар – ЖРК КЛ7 22:17 14:6

ЖРК КЛ7: Самандова, Трајковска, Беровиќ 1, Стефановска, Ѓорговска 3, Доневска 2, А. Блажевска, Конева 3, Костенчева 2, Николовска, Аврамовска, Т. Блажевска. Брљамова, Максимова, Ѓурческа 4, Цветановска 2

Седмерци:4/4  Исклучувања: 4 мин

Нашите пионери одиграа возбудлив и неизвесен натпревар кој беше решен на самиот крај. Противник беше екипата на РК Бутел кој не совлада минимално со 17:18. Во текот на целиот натпревар двете екипи се менуваа во водството и ниту една не успеа да направи предност за мирен финиш. Па на крајот влегоа во неизвесна завршница со нерешен резултат 15:15. Гостите успеаа да ги искористат своите шанси за разлика од нашите момци, па на крајот заслужено славеа со 17:18

Во 11. коло следен наш противник е екипата на РК Риниа која е последна на табелата без ниту една победа. Натпреварот е закажан во недела во спортската сала „Круме Кепески“ од 12 часот

РК КЛ7 – РК Бутел 17:18 7:9

РК КЛ7: О. Василевски, Ниновски 1, Тричковски 2, М. Пасковски, Зафировски 4, Арсовски, Маркоски, Продановски 2, Билбилоски 3, Д. Василевски, Глигоров, Колев 3, Трајков, Ѓорчески, Ќурчиев, Д. Пасковски 1

Седмерци: 1/2  Исклучувања: 8 мин

2020-03-02T15:16:05+00:00 March 2nd, 2020|Главни Новости|0 Comments