КЛ7 Струга по втор пат подобар во градското дерби

//КЛ7 Струга по втор пат подобар во градското дерби

КЛ7 Струга по втор пат подобар во градското дерби

По паузата викендов повторно на терените се вратија и нашите кадети. Први одиграа КЛ7 Струга каде во дербито на десетото коло ја совладаа екипата на РК Струга со 38:33.

Нашите момци одлично го отворија натпреварот, прво со серија од 3:0, а потоа и со серија од 8:2 успеавме да дојдеме до убедлива предност која беше недостижна за нашиот противник. На полувреме заминавме со предност од 21:12.

Вториот дел продолжи во ист ритам па во 40. минута ја имавме највисокате предност 35:20, што беше доволна причина тренерот Коцарески шанса да им даде и на најмладите во екипата.

 На крајот конечниот резултат гласеше 38:33. Кадетите остануваат со 100% учинок во кадетска конкуренција, ова беше нивна деветта победа и моментално се на првата позиција со пет бодови повеќе од второпласираниот ГРК Охрид

КЛ7 Струга – РК Струга 38:33 (21:12)

КЛ7 Струга: Галевски, Котевски, Мишевски 5, Дуноски 4, Џигероски, Негриески 1, Маркоски, Христоски 4, Шулески 2, Јованоски, Бочески 4, Тутенкоски, Ѓорговски 9, Ортаковски, Костовски 9, Мариноски

Седмерци: 4/4 Исклучувања: 8 мин

2020-03-02T13:58:15+00:00 March 2nd, 2020|Струга|0 Comments