КЛ7 обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија

//КЛ7 обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија

КЛ7 обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија

Нашите момци остварија голем успех и со две победи успеаа да се пласираат во четвртфиналето на Купот на Македонија во својата прва сезона.

Во полуфиналето од групата 1, прво ја совладавме екипата на Македонија Ѓ.П. со резултат 18:36. Иако лошо стартувавме, по првите 15 минути игра имавме постигнато само 4 погодоци(6:4), сепак момците во продолжението успеаа да прикажат далеку подобра игра и да ја превземат резултатска контрола на натпреварот па да заминат со предност од 9:14. Во вториот дел продолживме со истото темпо како што и застанавме па на крајот ги постигнавме конечните 18:36

Македонија Ѓорче Петров – КЛ7  18:36 (9:14)

КЛ7: Трајкоски 4, Стојков 6, Крстески, Цветаноски 2, Даев 2, Ѓоргиев 4, Каковски 2, Симоноски 1, Василев, Темелкоски, Илиески 5, Димовски 8, Ерманоски, Јорданов 2, Стојковиќ, Петковски

Во финалето за пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија наш противник беше екипата на Јуниор Кисела Вода. Успеаве да славиме со 17:20 во натпревар во кој имавме целосна резултатска контрола уште од самиот почеток. Одличен почеток на нашите млади момци, каде го отворија натпреварот со 1:5 со што до крајот не дозволивме противникот да се приближи. На средина на вториот дел имавме највисока предност од 10:17 но на крајот следеше мало опуштање што противникот знаеше да го искористи и да намали на 17:20.

Јуниор Кисела Вода – КЛ7  6:12 (17:20)

КЛ7: Трајкоски, Стојков 2, Крстески, Цветаноски 3, Даев 1, Ѓоргиев 4, Каковски 3, Симоноски 1, Василев 1, Темелкоски, Илиески 5, Димовски, Богдановски, Јорданов, Стојковиќ, Петковски

2020-03-02T13:16:09+00:00 March 2nd, 2020|Главни Новости|0 Comments