Децата од КЛ7 беа дел од првиот КЛ7 Халки Куп за 2020 година.

/, Велес, Галерија, Карпош, Кисела Вода, Куманово, Тетово/Децата од КЛ7 беа дел од првиот КЛ7 Халки Куп за 2020 година.

Децата од КЛ7 беа дел од првиот КЛ7 Халки Куп за 2020 година.

Децата од КЛ7 школите од Куманово, Скопје, Велес и Тетово изминатиов викенд беа дел од првиот КЛ7 Халки Куп за 2020 година. Домаќин беше КЛ7 Кисела Вода а натпреварите се играа во салата на ОУ ” Круме Кепески”.

Се одиграа 13 натпревари со тимови направени според годините на дечињата. Децата со голема возбуда ги очекуваат овие натпревари бидејќи имаат можност да се почуствуваат како вистински играчи на терен. Истовремено тренерите можат да ја направат споредбата со напредокот на нивните ученици, кои задачата да се биде дел од тимот ја прифатија како да се возрасни, борба за секоја топка, радост за секој гол.

Помалите деца играа на терен кој е прилагoден за нивната возраст, додека поголемите имаа можност да ги почуствуваат вистинските димензии на ракометниот терен. Иако имаше екипи кои постигнаа поголем број на голови и тимови со помалку затресувања на противничката мрежата на КЛ7 ХАЛКИ КУПОТ сите сме победници, другари и соиграчи.

Исто како и во претходните години овие КЛ7 Халки купови ќе се одржуваат на сите 3 страни од наша ракометна Македонија.