Македонија одигра два нови натпревари на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Грција, Атина. И на двата натпревари забележавме два порази, прво од Тунис, а потоа бевме совладани од Хрватска.
Првиот натпревар против екипата на Тунис одлично го започнавме и првата третина ја добивме со 7:6 со што освоивме еден бод, потоа следеше наш пад во играта каде тунижаните знаеа како да го искористат и да ја добијат третината со 6-8. Последната третина се играше израмнето, имавме неколку напади за водство кои не ги искористивме, а на другата страна Тунис имаше повеќе среќа и и го доби натпреварот со 4-5.
Македонија – Тунис 17:19 (7-6, 6-8, 4-5)
Македонија: Ацевски, Димевски, Крстевски, Чакалиќ 3, Ѓорговски 4, Митев 3, Митрески, Димовски 4, Ташев 1, Спасовски, Стојчевиќ, Трајковски, Савревски 2, Димитриески, Тодески
На вториот натпревар забелeжавме нов пораз и не освоиме ниту еден бод против Хрватска, сите третини ги загубивме минимално со по еден гол разлика. Иако Хрватска настапи со генерација на ракометари 2004 и помали сепак беше подобра селекција и заслужено ги однесите бодови од овој натревар.
Хрватска – Македонија 21:18 (7-6, 7-6, 7-6)
Македонија: Ацевски, Димевски 1, Крстески, Чакалиќ 4, Ѓорговски 1, Митев 2, Митрески, Ивановски, Ма. Ивановски Ми. Ивановски, Димовски 6, Ташев, Стојчевиќ, Спасовски 2 Ставревски, Димитриески 2, Тодески.
Денес повторно не очекуваат нови два дуели, последни во групната фаза, прво од 11 часот ќе се сретнеме со екипата Турција и од 16 часот силите ќе ги одмерите против Црна Гора.