Помалите и поголемите велешанчиња потврдија колку се сака ракомет во Велес

//Помалите и поголемите велешанчиња потврдија колку се сака ракомет во Велес

Помалите и поголемите велешанчиња потврдија колку се сака ракомет во Велес

Ги посетивме децата од ракометен Велес кои се во школата на капитенот. Иако Велес е еден од последните градови во кои досега КЛ7 има свои школи, велешанчињата и помалите и поголемите се потврда колку овде се сака ракометот.

По завршување на тренингот секе дете од нашата школа доби подарок од нашите пријатели, Алпско, најновите производи без лактоза како перфектно решение да се избегне лактозата без да се исфрлат млечните производи од исхраната.

Исфрлањето на млечните производи од секојдневната исхрана воопшто не може да се смета како квалитетно и долготрајно решение, особено за младата генерација која се занимава со спорт и големиот број придобивки што ги нуди млекото – почнувајќи од калциумот, кој е одличен за коските и забите, а завршувајќи со протеините кои даваат енергија и ги регенерираат мускулите. Од друга страна, поради големиот број оврски на нашите деца, на школо и надвор од него и неможноста за обезбедување доволно време за оброк пред самиот тренинг, производите без лактоза се идеално решение за конзумирање непосредно пред тренинг.

Децата од КЛ7 Велес поделени во две групи имаат тренинзи три пати неделно на две локации. Во спортските сали на ОУ” Васил Главинов” и “Блаже Конески”. Тренер на сите нив е професорот по физичка култура и поранешен ракометар, Злате Стојковски.

Се гледаме во сала!

2020-02-10T15:43:36+00:00 February 10th, 2020|Велес|0 Comments