Суперлигашки тест натпревари за КЛ7

//Суперлигашки тест натпревари за КЛ7

Суперлигашки тест натпревари за КЛ7

Нашите млади момци продолжуваат со подготовките пред почетокот на вториот дел од полусезоната. Па така оваа недела ќе имаат два суперлигашки тест натпревари. Првиот го одиграа вчера против екипата на Металург каде го загубија со 30:20, додека вториот е закажан во сабота (08.02) од 11 часот против екипата на Пролет.

Првото полувреме помина во рамноправна борба каде двете екипи имаа свои моменти. Нашите момци одлично го отворија натпреварот со водство од 4:6, но за брзо време домаќините го превземаа водството и дојдоа до предност од 12:9. Следеше одлична игра во одбраната и наша серија од 0:3 со што успеавме да дојдеме до израмнување 12:12.

Вториот дел го започнавме со полоша игра и додека не ги користивме нашите шанси, Металург дојде до веќе  убедлива предност од 20:15. На крајот успеаа да слават со 30:20.

Веќе утре во спортската сала „Македонско Сонце“ во Пролет не очекува нов тест дуел против екипата на Пролет

Металург – КЛ7  30:20 (12:12)

КЛ7: Ѓорѓиев 4, Димовски 2, Стојков 4, Симоновски 3, Гучески 2, Даев 2, Василев 1 и Илиески 2.

Металург: Поповиќ 2, Јагуриновски 4, Лазаревски 1, Чантурија 4, Пецаковски 3, Маркоски 1, Шилегов 2, Кбилашвили 2, Арсеновски 1, Кондев 3, Серафимов 4, Младеновиќ 2 и Вујовиќ 1.

2020-02-07T11:29:52+00:00 February 7th, 2020|КЛ7|0 Comments