6 играчи од КЛ7 дел од списокот на репрезентативци 2002 и 2004

//6 играчи од КЛ7 дел од списокот на репрезентативци 2002 и 2004

6 играчи од КЛ7 дел од списокот на репрезентативци 2002 и 2004

На Медитерански Игри во Атина, кои ќе се одржуваат од 16 со 23 февруари ќе учествува и репрезентацијата на Македонија, генерација 2002.

Меѓу избраниците на селекторот Никола Матлиески се најдоа и 4 ракометари од КЛ7. Тоа се Емилијан Ѓорговски, Владимир Трајкоски, Филип Крстески и Мартин Димовски.На овој турнир покрај Македонија учество ќе земат најдобрите младинци од уште 13 земји.

Повикани ракометари во младинска категорија родени 2002 и помлади

Селекцијата 2004 и помлади ќе има можност во средината на февруари на турнирот во Романија за прв пат да се обединат под знамето на Македонија. Селекторите се одлучија во списокот место и можност да им дадат на двајца играчи од КЛ7 , Иван Галевски голман и Славчо Шулески среден бек. И на двете селекции им посакуваме успешен настап и добри натпревари.

Повикани ракометари во младинска категорија родени 2004 и помлади

2020-01-31T16:42:31+00:00 January 31st, 2020|Главни Новости|0 Comments