Возбудлив прв ден на КЛ7 2020

//Возбудлив прв ден на КЛ7 2020

Возбудлив прв ден на КЛ7 2020

Денеска во Општина Кисела Вода започна првиот меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020”. Се одигра три одлични натревари во две различни возрасни категории

На првиот натпевар се сретнаа тимовите на Металург и на Вардар во генерација 2004 и помали. Екипата на Вардар во текот на целиот натпревар имаше резултатска контрола но пред самиот крај дозволи Металург да се приближи со серија од 0:4. Пред самиот крај двете екипи влегоа во возбудлива завршница каде има  свои шанси за победа па на крајот заслужено двете екипи ги поделија првите бодови.

Металург – Вардар  21:21 (8:10)

Металург: Анѓеловски, Субашевски 5, Петровиќ, Тотиќ 2, Дамовски, Стефков 5, Гилев, Стојановски 1, Ангелески, Димковски, Јазаџиев 5, Талески, Стојаноски 2, Насевски, Георгиевски и Груевски.

Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

Вардар: Спасовски, Стојановски 5, Славевски, Аритонов, Силковски, Симоновски, Колевски, Петрушевски 5, Трајановски 2, Тодоровски, Стојменов, Петковски 6, Спасовски, Стојановски и Младеновски 2.

Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 12 минути.

Вториот натпревар на турнирот се одигра помеѓу екипите на КЛ7 и Металург, генерација 2002. Повторно видовме возбудлив натпревар помеѓу две одлични екипи. Натпреварот започна израмнето но пред самиот крај конролата на натпреварот ја превзема екипата на Металург со водство од 17:20. Дури на средината од вториот дел успеавме да го скршиме отпорот на Металург со серија од 5:0 и да дојдеме до водство од 31:26. Следеше лоша завршница на нашата екипа каде дозволиме повторно да ни израмнат но на крајот успеавме да славиме со резултат 33:31

КЛ7 – Металург  33:31 (17.20)

КЛ7: Галевски, Костовски, Трајковски, Крстевски 3, Милинков, Христоски, Василев 5, Ермановски, Илиевски 1, Павлов, Димовски 9, Мишевски 1, Ѓорговски 12, Јорданов, Мирчевски 1 и Буровски.

Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 8 минути.

Металург: Стојчевски, Димевски 5, Андовски 1, Крстев, Николовски, Ташевски  2, Петковски 3, Брестовац, Мелоски 7, Николов 4, Шкријељ, Андревски 1, Прентовски 4, Тодески 2, Додиќ 2 и Мијатовиќ.

Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 16 минути.

Третиот натпревар се одигра помеѓу екипите на КЛ7 и Металург во генерација 2004 и помали. Нашите млади момци одлично го започнаа натпреварот, имаа почетна контрола на натпревар и резултат, во 13. минута имавме и максимално водство од 8:5. Екипата на Металург успеа да се врати во игра и да израмни на 11:11, но повторно следеше серија од 4:1 и враќање на максималните три погодоци разлика односно 15:12. Вториот дел нашите момци одиграа многу лошо, па прво дозволија противникот да израмни на 17:17, а  потоа со серија од 0:3 и да дојде предност од три погодоци, што беше недостижна за КЛ7. На крајот екипата на Металург заслужено славеше со 21:25

КЛ7 – Металург  21:25 (15:13)

КЛ7: Галевски 1, Стојановски, Пасковски, Џигероски 2, Тричковски 1, М.Пасковски 4, Зафировски 1, Марковски 1, Даскалов 1, Шулески 7, Продановски 1, Билбиловски, Даскалов 2, Глигоров, Трајчев и Трајков.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 10 минути.

Металург: Ангеловски, Субашевски, Петровиќ 1, Тотиќ 2, Дамовски, Стефков 2, Гилев 4, Стојановски 2, Ангелески 1, Димковски 4, Јазаџиев 6, Талески, Стојаноски 2, Насевски, Георгиевски 1 и Филиповски.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 10 минути.

Утре (25.05) на распоред има шест натпревари каде своите први натпревари ќе ги имаат екипите на Пик Сегед и Еурофарм Пелистер

Генерација 2004 и помали

09:30 Пик Сегед  – РК Вардар

12:30 РК КЛ7 – Пик Сегед

18:00 РК КЛ7 – РК Вардар

Генерација 2002 и помали

11:00 Пик Сегед – Еурофарм Пелистер

16:30 РК Металург – Еурофарм Пелистер

19:30 РК КЛ7 – Пик Сегед

2020-01-24T21:12:32+00:00 January 24th, 2020|КЛ7|0 Comments