КЛ7 организатор и домаќин на меѓународен турнир за млади категории

//КЛ7 организатор и домаќин на меѓународен турнир за млади категории

КЛ7 организатор и домаќин на меѓународен турнир за млади категории

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 ќе биде организатор и домаќин на “Меѓународниот турнир за млади категории КЛ7 2020”.

На него ќе учествуаат 8 екипи од 5 ракометни клубови. Домашните брендови РК “Вардар, РК “Металург”, РК “Еурофарм Пелистер” и вице шампионот на Унгарија РК “ПИК Сегед” кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во 2 категории 2002 и помлади , 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002) ќе се натпреваруваат
– КЛ7
– Пик Сегед
– Металург и
– Еурофарм Пелистер

Ви втората категорија (2004) ќе се натпреваруваат
– КЛ7
– Пик Сегед
– Вардар и
– Металург

Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Со учеството на “ПИК Сегед” и официјално започнува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи кој е формиран во далечната 1961 година. Истата ќе се состои и во размена на гостувања, нивни кај нас, наши таму, едукација на тренери, учество на кампови и слично со една цел напредување и усовршување на младите ракометари на патот кон создавањето на врвни играчи.

Турнирот ќе се одигра во спортската сала при ОУ „Круме Кепески“ – Архиепископ Доситеј. Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.

2020-01-21T14:55:34+00:00 January 17th, 2020|Главни Новости|0 Comments