КЛ7 започнува со зимските подготовки

//КЛ7 започнува со зимските подготовки

КЛ7 започнува со зимските подготовки

Ракометарите на КЛ7 од утре ќе им се вратат на своите клупски обвски и ќе ги започнат своите зимски подготовки.

Првиот тренинг на сениорската екипа е закажан утре (09.01) од 10 часот во спортската сала на ОУ „Круме  Кепески“ во општина Кисела Вода. Момците на Андон Бошковски подготовките за пролетниот дел ќе ги одработат во Скопје и покрај тренинзите ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

Првиот официјален натпревар во 2020 година ќе биде против екипата на РК Македонија Ѓ.П. во осминафиналето од Купот на Македонија. Овој дуел треба да се одигра на 29.02/01.03.2020, а победникот наредниот ден ќе игра четвртфинале против подобриот од Риниа – Јуниор Кисела Вода. Додека останатите дуели од Првата лига група ќе бидат одиграни 07/08.03 (Преспа 2015) и 14/15.03 (Партизан)

Покрај првата екипа со зимски подготовки започнуваат и нашите пионерски екипи предводени од Иван Никчевиќ и Влатко Котески. Првите тренинзите ќе ги имаат на 13.01 исто така во спортската сала на ОУ „Круме  Кепески“.

2020-01-08T16:11:35+00:00 January 8th, 2020|КЛ7|0 Comments