Нашите пионери од Скопје го одиграа својот последен натпревар за оваа година и деценија, а противник овој пат им беше нивната најголема поддршка последните година на сите натпревари и тренинзи, нивните родители.
Последениот натпревар за 2019 година се одигра во фер атмосфера со одлични моменти и многу забава на двете страни.
Ви благодариме многу за сите моменти последната година, за поддршката која ја давате како на децата така и на нас како организација. Се гледаме во новата година во нови предизвици.
Среќна нова година !