Натпревар помеѓу пионерите на КЛ7

Повеќе од 600 дечиња од школите низ Македонија, покрај тоа што имаа можност да го запознаат нивниот најголем идол Кирил Лазаров, проследите три ревијални натпревари во спортската сала во општина Кисела Вода, при ОУ „Круме Кепески“.

Првиот натпревар се одигра помеѓу двете наши пионерски екипи од Скопје и Свети Николе засилени со деца родени 2006 и помали од нашите школи низ Македонија, Куманово, Тетово, Чешиново-Облешево, Богданци и Стојаково. Овие ракометари кои наскоро ќе бидат пионери имаа можност да бидат дел од една пионерска екипа и да играат пред полни трибини.

Се надеваме дека наскоро некој од нив ќе видиме во младинските категории на КЛ7.