КЛ7 е едно огромно семејство децата се наша иднина, иднина на Македонија

КЛ7 е едно огромно семејство децата се наша иднина, иднина на Македонија

Децата од КЛ7 школите низ Македонија изминатиов викенд имаа меѓусебна средба, запознавање и дружење преку забава со нивниот идол Кирил Лазаров. Предновогодишно, организирани од цела Македонија допатуваа во Скопје во салата на ОУ” Круме Кепески”.

Околу 600 дечиња, дел од нив со своите родители ги преполнија трибините на салата во која се играа и три ревијални натпревари. Иако без резултатско значење натпреварите беа посебно доживување и проследени со огромно внимание. Се играа помеѓу пионерите од школите, пионерките и најинтересниот натпревар на тренерите и нивните најдобри учeници (All star), судија на натпреварот беше Лазаров.

По завршувањето капитенот со својот тренерски и организациски тим им поделија новогодишни пакетчиња на сите присутни а на оние кои не беа во сала им испратија по нивните тренери.

“Ми претставува огромна чест и задоволство што функционираме повеќе од успешно веќе трета година низ цела Македонија организирани на 17 локации. Довербата тешко се стекнува, многу лесно се губи.Среќен сум што таа доверба ја стекнавме кај нивните родители и секако кај децата, благодарен сум на сите нив. Преку 1000 деца да се организираат во текот на целата година, инфраструктурно да се обезбедат услови, квалитетни тренинзи и сето тоа да функционира безпрекорно затоа сум благодарен на мојот тим за целата организација и секојдневната работа на школата. Со овој настан се запознавме уште подобро, а таа непосредност секогаш е причина плус за уште подобро функционирање и живот на КЛ7 како едно огромно семејство и во иднина. Бидејќи фундаментот на се во животот се децата , тие се нашата иднина, иднината на Македонија”.

Изјави капитенот Лазаров кој им се обрати на присутните посакувајќи им уште поголеми успеси и на училиште и на терен во годината која следи. На настанот беа присутни и играчите од екипата КЛ7 која од оваа сезона се натпреварува во Првата ракометна лига. Децата се дружеа и со нив и уживаа во овој за многумина од нив посебен ден.

И на крајот на оваа убава 2019 година огромна благодарност од КМГ Спорт Агенција за нерезервната помош и поддршка која ни ја даваат родителите, кои се секогаш тука за нас . Тие се нашата најсилна логистика. Им благодариме од срце за се!