Четири победи за КЛ7 овој викенд во младите категории

//Четири победи за КЛ7 овој викенд во младите категории

Четири победи за КЛ7 овој викенд во младите категории

Викендов на ракометните терени, екипите на КЛ7 ги одиграа своите натпревари, во кои забележаа 4 победи, 2 порази и еден дуел заврши нерешено

Пионерите од Свети Николе ја забележаа својата втора победа по ред или петта вкупна во група 1, откако тесно ја совладаа екипата на РК Бисинов од Велес со резултат 17:18. Натпреварот лошо започна за нашите пионери, со водство на домаќините од 3:0. Два пати дојдовме до израмнување во првото полувреме но не и до водство, на крајот од првиот дел екипата од Велес замина со предност од 8:6. Во вториот дел одигравме многу подобро, па со серија од 1:6 го превземавме водството и успеавме да го одржиме до крајот на натпреварот. На крајот успеавме да славиме со 17:18. Ова беше последно коло во групата 2, а нашите пионери ќе „презимат“ на втората позиција со два бодови помалку од Младост Богданци кој се наоѓаат на првата позиција.

РК Бисинов – КЛ7 Свети Николе 17:18 (8:6)

КЛ7 Свети Николе: Цековски 1, К. Атанасов 1, Крстев 3, Даскаловски 10, Т. Атанасов, Андов, Трајчев 2, Ивановски, Ефремовски, Лазаров 1, Коцев, Панев, Коцевски, Тодосовски, Тодоров, Јорданов

Седмерци: 4/4 Исклучувања: 2 мин

Кадетите од Свети Николе дојдоа до третата победа откако го победија Партизан од Гевгелија со 20:32. Во текот на целиот натпревар имавме резултатска контрола, прво поведовме со 0:2, па потоа имавме водство од 3:10 со што не дозволивме противникот да се приближи и да ја стави во прашање нашата победа. На полувреме заминавме со водство од 9:20, а на крајот од натпреварот резултатот гласаше 20:32. Во следното и последно коло за оваа полусезона, ќе бидеме домаќини на екипата РК Весна Акумулатори од Пробиштип.

РК Партизан 2016 – КЛ7 Свети Николе 20:32 (9:20)

КЛ7 Свети Николе: Стефановски, Станоев 5, Ангеловски 2, Иванов 3, Тодосов 3, Стаменков 2, Велков 4, Буровски 4, Атанасов 2, Крстев, Даскаловски 5, Андов, Трајчев, Лазаров 1, Панев, Тодоров 1

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 10 мин

Пионерите и пионерките од Скопје забележаа два порази во ист ден од екипата на Металург. Прво настапи нашата најмлада пионерска селекција односно девојките од ЖРК КЛ7. Тие го одиграа својот последен натпревар за оваа полусезона и го забележаа својот осми пораз во натпревар каде екипата на Металург доминираше, па првиот дел го завршија со водство од 10:2, додека на крајот од натпреварот резултатот гласеше 23:8.

РК Металург – ЖРК КЛ7 23:8 10:2

ЖРК КЛ7: Самандова, Беровиќ, Георгиевска, Панева, Ѓорговска, Наче,А.  Блажевска, Додевска, Костенчева 4, Николова, Аврамовска, Т. Блажевска, Брљамова, Стојчевска, Анчевска, Ѓурчевска 4

Седмерци: 1/3 Исклучувања: 8 мин

Дербито на колото во групата 3 се одигра во Кисела Вода, помеѓу екипите на КЛ7 и Металург кој заврши со п победа на гостите од Автокоманда. Натпреварот започна со израмнета игра и неколку израмнувања, но нашите пионери направија неколку грешки во нападот, а Металург знаеше како да ги искористи преку брзи контри и да поведе со 3 погодоци разлика, разлика која беше одлучувачка на крајот од натпреварот. Во вториот дел ја „бркавме“ предноста на противникот но безуспешно, па на крајот резултатот гласеше 19:26. Во следното коло повторно не очекува тежок дуел против фаворитот РК Вардар кој после седум одиграни кола е единствената непоразена екипа во групата 2.

Фотогалерија од пионерскиот натпревар КЛ7 – Металург

КЛ7 Скопје – РК Металург 2  19:26 (11:14)

КЛ7 Скопје: О.Василевски, Ниновски, Тричковски 3, М. Пасковски 2, Зафировски 2, Перуновски, М. Маркоски 2, Продановски 2, Билбиловски 3, Д.Василевски, Глигоров, Проданов 4, Трајков, Ѓорчевски, Бановски, Д. Пасковски 1

Седмерци: 2/3    Исклучувања: 6 минути

Кадетите од Струга за три дена одиграа два натпревари и забележаа две победи. Прво гостуваа во Прилеп и успеаа слават со 22:33, додека три дена подоцна ја совладаа екипата на Кале Кичево со резултат 30:24. Со овие две победи остануваме на на првата позиција и освоени максимални 15 бодови.

Младинците на Струга со многу потешкотии дојдоа со бод против екипата на РК Бутел. Натпреварот започна во израмнета борба и со дури девет израмнувања во првиот дел, па гостите на одмор заминаа со еден погодок предност. Во вториот дел продолжи играта гол за гол, се до 38. минута кога прво РК Бутел се „одлепи“ на три погодоци 17:20, а неколку минути подоцна и на максимални пет погодоци 20:25. Кога се мислеше дека натпреварот е завршен, нашите момци се вратија во игра и успеаа израмнат на 29:29, но не успеаа да напрват комплетен пресврт и да  поведат, па на крајот двете екипи ќе мора да се задоволат со само еден бод.

КЛ7 Струга – РК Бутел 32:32 (14:15)

КЛ7 Струга: Галевски, Тренески, Мишевски 7, Дуноски, Мариноски, Негриески, Христоски 7, Шулески 2, Јованоски, Бочески, Костовски 2, Ѓорговски 10, Тутенкоски, Домазетоски, Ѓоргиевски 3, Ортаковски.

Седмерци: 1/2    Исклучувања: 12 минути

 

2019-11-25T16:22:27+00:00 November 25th, 2019|Главни Новости|0 Comments